Ова јадење е оптимизирано за 3 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Тиквичките исечете ги по должина на тенки ленти и малку потпечете ги на грил тава. Пропржете ситно сечкан лук и кога ќе добие златна боја додадете го меленото месо.
Добро испржете го месото. Додадете ги сите зачини и истурете сок од домати. Оставете го сосот да се крчка 5-10 минути.
Наредете ги состојките во сад за печење, така што ќе започнете со сосот, одозгора ставете ред тиквички и така наизменично се додека не потрошите сѐ, а горниот слој нека бидат тиквички.
Преку сѐ наредете моцарела исечена на тенки тркалца и посипете grano padano пармезан. Доадете малку свеж босилек. Ако немате свеж, во сосот може да ставите и сув или се да замените со 2 лажици готово песто од босилек.
Ставете во рерна и потпечете додека добие убава боја.
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење