Ова јадење е оптимизирано за 5 порции. Количината и времето може да треба да бидат различни. Овде можете да најдете повеќе информации за прилагодените големини на порција
Ако количините се зголемат, времето за готвење може да се продолжи, па повторно погледнете. Користете вода и зачини најпрво и додајте повеќе подоцна ако е потребно.
Издинстајте главица кромид, па додадете го пилешкото кое е претходно исечено на коцкички и зачинето со MAGGI магијата на вкусот.
Во пилешкото додадете ги тиквичките исечкани на лентички.
Кога тиквичките ќе ја испуштат водата, додадете го лукот, истолчен и исечкан ситно.
Додадете го босилекот, па оставете на среден оган додека да испари водата.
Во друг сад сварете ги тестенините. Кога водата скоро, но не целосно е испарена, додадете ја павлаката. Оставете да се крчка. Посолете.
Исцедете ги тестенините, и додадете ги во садот со преливот. Се заедно крчкајте уште 10-тина минути, додека да се соединат. Послужете со изронета фета, власец и домат.
Кликнавте на врска од трета страна и ќе ја напуштите страницата. Ние немаме контрола над платформите на трети страни и не ја поддржуваме ниту прифаќаме одговорноста за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Вие комуницирате со овие поврзани платформи на ваша сопствена одговорност. Ние не прифаќаме одговорност или обврска за ваквите платформи на трети страни и нивните услови на користење. Прочитајте повеќе во нашите Услови и правила на користење