1. Пастата за прв пат била направена во Кина, а не во Италија. Изненадувачки, зар не?
Веројатно мислите дека пастата потекнува од убавата Италија, но всушност потекнува од Кина. Помеѓу љубителите на паста постои мит според кој пастата ја донел Марко Поло, познатиот венециски истражувач, при неговото враќање од Кина во дванаесеттиот век. Но, со текот на времето откриен е стар прибор за тестенини во јужна Италија. Во секој случај, оваа земја може да се смета за кралица на пастата поради техниките за подготовка кои ги развила со текот на времето, уникатните комбинации и љубовта кон ова јадење. Од историјата за пастата ја добивме и следната информација: во почетокот тестенините не се јаделе со црвен сос. За ова има едноставно објаснување: доматите сè уште не постоеле во Европа затоа што биле донесени многу подоцна, од Мексико. Како и да е, за кратко време, тестенините со црвен сос станале симболична комбинација за паста во Италија и шпагетите болоњезе започнале да освојуваат со својот вкус.
2. Колку видови паста има во светот?
5? 10? 25? Што велите за 600?
Точен одговор: има повеќе од 600 видови паста во светот. Еве неколку од нив: букатини, пене, таглители, мафалда, њоки, шпагети, ригатони, тортелини, фарфали, равиоли, фусили. Зарем овие имиња не ви звучат италијански? Ќе ви кажеме уште една тајна: во италијанскиот јазик, имињата дадени на овие вкусни видови паста понекогаш се смешни. На пример, шпагети значи жица, фарфале значи пеперутки, орекете се мали уши, а равиоли значи репка.
3. Како правилно да јадеме паста?
Италијанците не користат лажица и вилушка кога јадат шпагети. Ова е американски начин. Во Италија едноставно ја вртите вилушката на средината на чинијата и земате што е можно повеќе тестенини со неа. Потоа уживате во совршениот вкус.
4. Колку многу сакаме тестенини?
Просечно, еден италијанец троши околу 26 килограми паста за една година. Ако сакаме да направиме пресметка, тоа значи дека за една година троши околу 600 милиони километри шпагети, што е доволно за да оди околу земјата 15.000 пати. Венецуела и Тунис се на второто и третото место во потрошувачката на паста. Дополнителна информација - фаворити на Американците во однос на пастата се шпагети, пене и ратан.
5. Кога јадеме паста сме среќни
Покрај тоа што ни е многу вкусна, се чини дека сме и посреќни кога јадеме паста. Тоа е затоа што јаглехидратите му помагаат на нашето тело да произведе серотонин, невротрансмитерот одговорен за среќа.
6. Различни сосови не се погодни за различни видови паста
Не секоја паста може да се комбинира со сите сосови. Така, долгите и рамни тестенини одат подобро со кремасти сосови, додека кратките, цилиндрични или спирални тестенини одат подобро со сос од домати.
7. Разновидноста на пастата
Во дел од тестенините може да уживате со било кој буџет. Поради разновидноста, можете да подготвите вкусна паста и дома, со сос по ваш избор. Состојките за сосовите се едноставни и лесно достапни.
8. Што значи „паста“?
Зборот „паста“ потекнува од латинскиот јазик и значи „тесто“, а сѐ до осумнаесеттиот век тестенините биле единствено направени со рака. Потоа, измислена е бронзена машина за тестенини, која ги имитира движењата за месење на производителите на тестенини.
9. Сувата паста им помогнала на нашите предци да го истражат светот
Без разлика дали зборуваме за долг караван што ја истражува пустината на долго патување, или пат по вода, тестенините биле добар извор на калории и хранливи материи за нашите предци, особено откако можеле да се транспортираат на голема далечина без да се скршат и расипат.
10. Паста и сос
Прво: пастата треба да се додаде во сосот, а не сосот во пастата. Второ: кога сакате вкусна порција паста, мора да имате на ум дека продолжува да се готви и откако ќе ја извадите од водата и го додавате сосот. Ова значи дека треба да ја извадите од водата една минута порано, додека е сè уште „ал денте“.
Ако ве натеравме да посакате паста, Maggi Идеја за денот ги спојува сите состојки што веќе ги знаете. Изберете да готвите во приватноста на вашиот дом пене арабиата , шпагети карбонара,миланезе или болоњезе. Уживајте со саканите во оваа вкусна храна која се подготвува брзо. Пријатен оброк!