1. Еве како да се разладите во текот на жешките денови!
Врелата супа може да заврши работа. Ги активира рецепторите во вашиот организам, а тие пренесуваат информација за жештина до вашиот мозок. Набрзо мозокот ќе почне да го лади вашето тело.
2. Постојат многу традиции во чинијата со супа
MAGGI® ја продолжува традицијата на нашите предци така што ги зачувува состојките на супата преку дехидрација. Овој процес ја отстранува водата и така ги зачувува нутритивните вредности на состојките, како и нивниот вкус.
3. Во текот на Втората светска војна
Луѓето правеле супа од се што можеле да најдат, како што се лушпи од ориз или кори од компир. Добро е што тие денови поминале! Денес имаме многу вкусни нешта кои можеме да ги пробаме. Пробајте нешто ново денес.
4. Супите се познати дека лечат било кој проблем
Како што вели старата еврејска поговорка “Маката полесно се поднесува со супа отколку без”. Потсетете се на ова следен пат кога ќе бидете нерасположени.
5. Ви треба идеја за лесна вечера?
Изедете чинија супа пред да одите во кревет. Лесна е за стомакот, а ќе ве држи сити и не додава многу калории. Нема на што!
6. Кој јаде повеќе супа, мажите или жените?
9 спрема 4, статистиката покажува дека жените се поприврзани за супата од мажите, поради многуте бенефити кои ги има.
7. Не е тешко да се јаде здраво.
Се што треба е внимателно да ги читате пакувањата. На пример MAGGI® супите се 100% без вештачки вкусови, конзерванси и вештачки бои. Само прочитајте ја задната страна на пакувањето, многу е едноставно.
8. Супа за инспирација!
Френк Синатра сакал шминкерите пред настап да му донесат пилешка супа со ориз. Кога вие сакате да ја јадете?
9. Супите тераат на размислување!
Дали некогаш сте се прашале зошто супата се “јаде” а не се “пие”?
Во супата уживаме преку лажица, а не дирекнто од чинијата, нели? Сега знаете.
10. Дали сте знаеле дека можете да го намалите внесувањето на сол доколку изедете MAGGI® супа за оброк.
Избалансирана е во согласност со препораките на Светската здравствена организација. 5гр сол дневно е здрава доза сол. Не морате да посолите повеќе, уживајте во добриот вкус!