Зимските празници се можност да поминиме посебни моменти со оние кои ги сакаме. Дел од традицијата на нашиот народ е да имаме богат празничен ручек, да уживаме во вкусните јадења за кои ни се чини дека имаат подобар вкус отколку изминатата година. Не се грижиме многу за вишокот на килограми кои ги добиваме за време на празниците, бидејќи имаме неколку едноставни начини да се вратиме на избалансираната исхрана.
За време на празниците може да ги јадеме јадењата кои ги сакаме, важно е да обрнуваме внимание на количините како би избегнале да добиеме проблеми со варењто, што може да влијае на нашата благосотојба која се трудиме да ја постигнеме.
Поголемиот дел од луѓето добиваат 1-3 кг за време на празниците, особено ако не се занимаваат со спорт. Оние кои се занимаваат со спорт во текот на зимските празници веројатно ќе уживаат во кулинарската атмосфера без никакви последици.
Сепак, доколку имате вишок килограми после празниците, важно е постепено да се вратите на избалансираната исхрана, без обиди за чудесни диети или производи за слабеење кои може да влијаат штетно на вашиот метаболизам.
Кои 5 чекори може да ги следите за да се вратите во форма?
1. Започнете да пиете доста вода. За време на празниците пиеме помалку вода, бидејки засладените и алкохолните пијалаци го преземаат местото на водата до одредена граница. Треба да се откажете од сите тие пијалаци и да ги консумирате препорачаните 2 л. на ден. Поголемото внесување на вода влијае на намалувањето на гладот. Намалувањето на гладот е одлично после празниците, бидејќи нашите стомаци се навикнале на поголемо количество на храна.
2. Секој ден јадете доручек. За време на овој период доручекот треба да содржи: свежо овошје, јоурт или обезмастено млеко, зрна или леб од цели зрна. Празничните оброци се вртат околу колачи и торти, овошјето е заборавено и често е само декорација. Затоа би требало повторно да го воведете во исхраната, а најдоброто време е доручекот.
3. Станддардизирајте го ручекот и намалете го оброкот во текот на денот. Хранлив а истовремено и нискокалоричен ручек може да биде: супа од зеленчук, мисиркини гради, филет риба со гарнир или варен зеленчук. Може да комбинирате парче леб од цело зрно со салата.
4. Вечерата треба да биде едноставна и лесна. Салатите се најдобар избор и помагаат брзо да се намали телесната тежина. Одберете едноставни салати, од зеленчуците кои ги сакате а во кои може да додате и по малку извори на протеини ( неколку парчиња месо, обезмастено сирење, леблебија или грав ). Зачинете ја салатата со лажица маслиново масло и сок од лимон, без висококалорични сосови.
5. Вежбајте барем 30 минути дневно. Тоа е класнична препорака, но има ефект. Правете кардио вежби кои ќе ви помогнат побрзо да ги согорите мастите. Качувајте се по скали, одете брзо. Неколку минути тренинг дома може да биде ефектно и едноставно без многу напор. Идеално, може да започнете да посетувате и теретана.
Почетокот на годината е време кога нашата мотивација е на високо ниво. Сите имаме цели за годината која доаѓа и главно тука се здравата исхрана и фитнес. Искористете го високото ниво на мотивација за да усвоите добри навики и да ги претворите во дневна рутина. Претворете ги во стил на живот!