Крем супа од брокула
Кремава и со малку јаглени хидрати, супата од брокула е вкусна, хранлива и многу лесна за подготовка. Сè што треба да направите е да сварите брокула и малку кромид со сол, бибер и маслиново масло. Ставете ги во блендер со малку од водата во која се варел зеленчукот и додадете павлака и рендан пармезан.
Подгответе се за добра супа!
Печена брокула со лук
Друг уште полесен начин за уживање во брокулата е да ја испечете со малку лук. Исечете ја брокулата на помали парчиња, ставете ја во сад за печење, посипете со сушен лук, сол, бибер и маслиново масло. Ставете ја во рерна 15 минути и уживајте во неа топла или ладна.
Паста со брокула
Едноставна, лесна за подготовка и навистина вкусна! Се што ви е потребно е: маслиново масло; лук; брокула; паста од кој било вид кој го сакате и пармезан.
Во тавче ставете малку масло, додадете ги лукот и брокулата и оставете ги малку да омекнат. Додадете ги сварените тестенини и оставете сè на оган уште неколку минути, мешајќи. На крај, посипете полна лажица пармезан и уживајте со семејството или во ручекот во канцеларија.
Ќофтиња од брокула
Печениот зеленчук може да биде многу повкусен од месото. Измешајте: многу ситно исечена брокула; трошки од леб; ситно сечкан кромид; чедар кашкавал; сол, бибер и магдонос.
Направете ќофтиња и ставате ги да се печат во рерна 18-24 минути. Навистина е лесно!
Мафини од брокула
Еве како мафините можат да станат мезе, па дури и главно јадење. Сè што ви треба е тава за мафини, брокула исечена на мали парчиња, јајце, млеко, сол и бибер. Распределете ги состојките во тавата и печете ги 20 минути. Можете да ги сервирате само така или пак заедно со омилениот сос.
Американска салата од брокула
Ова е свежа салата, која американците многу ја сакаат. Одлична е за деновите кога сакате нешто полесно и брзо се подготвува. Сè што треба да направите е да ги измешате следните состојки:
брокула, колку што сакате; мало рендано јаболко; рендан чедар кашкавал; сечкан кромид; мајонез; сол и црн пипер.
Можете да добиете пософистициран вкус со додавање на неколку зрна грозје.
Брокула со кашкавал
Во тава измешајте парена брокула со јајце, стопен путер, малку мајонез, кромид, рендан чедар кашкавал, рендан пармезан, сол и бибер и ставете во рерната 30 минути додека кашкавалот стане кафеав.
Песто од брокула
Вкусна алтернатива на класичното песто од босилек, пестото од брокула е исклучително лесно за подготовка. Сè што треба да направите е да ја парите брокулата, да ја измешате со рендан пармезан, малку магдонос, лук, маслиново масло, сол и бибер. Ставете сè во блендер и ќе добиете совршено песто кое може да го намачкате на свеж леб или да го додадете како сос во паста.
Печени компири полнети со брокула и кашкавал
Совршени за “a la carte” вечера, компирите полнети со брокула и кашкавал може да бидат совршено уживање за семејството. Потребно е да го направите следното:
Измијте неколку компири, излупете ги, ставете им масло и ставете ги во рерна 50 минути. Во тавче стопете малку путер, додадете лук, кромид, брашно и мешајте постојано 1 минута. Додадете млеко, сол и бибер, почекајте млекото да започне да врие и оставете ги уште 2 минути. Додадете го чедар кашкавалот и промешајте додека да се стопи, а потоа додадете брокула. Оваа смеса додадете ја на секој компир и сервирајте додека е жешко.
Киш со брокула
Јадење што изгледа софистицирано, а содржи само 6 состојки и е подготвено за 50 минути. Сè што треба да направите:
Ставете обично тесто на тркалезна тава и печете 9 минути. Исечкајте кромид, додадете брокула, чедар кашкавал, сол и бибер над печеното тесто и печете уште 35-40 минути. Побрзо е отколку што сте мислеле!
Ова се само неколку начини на кои можете да вклучите брокула во вашата исхрана. Постојат уште многу други начини за да уживате во овој зеленчук кој е толку богат со хранливи материи. Уживајте во готвењето!