7. Направете подготовката на храна да стане уметност
Направете здравата храна да биде забавна за децата така што ќе покажете креативност во подготовката на сите оброци. Оброкот нека биде во облик на слика или нека има некоја едноставна декорација или украсете ги краевите на чинијата, сето тоа може да ја направи храната повубудлива и попримамлива за децата. Приказите на животни или лица на човечиња се секогаш популарни, а брокулите и карфиолот може да бидат одлично дрво! Или зошто да не им дозволите на децата сами да ја исечат пиперката или краставицата во интересни облици, како срца, ѕвездички и дијаманти.
6. Ангажирајте ги децата
Децата порадо ќе ја јадат здравата храна од својата чинија доколку помагаат во нејзината подготовка. Всушност, истражувањето покажува колку е тоа благотворно на многу различни начини. Има многу задачи во кои може да Ви помогнат Вашите деца. Миење, рендање или мешање, сите тие се забавни активности за децата. Но немојте да го заборавите и чистењето!
5. Заеднички планирајте ги оброците
Планирањето на оброците со Вашите деца е квалитетно поминато време со нив. Тоа ќе им покаже колку е важно да јадат избалансирана храна - со многу цели зрна житарици, влакна и зеленчуци- на пример разбудете го нивниот интерес за храна и охрабрете ги да Ви помогнат да бидете креативни во кујната!
4. Зближете се со децата месејќи колачиња заедно
Кујната е одлично место да поминете повеќе време со Вашите деца, а не е потребна никаква “фенси” опрема, ниту скапа членарина.
Месењето колачиња со децата може да направи едно обично попладне извонредно. Заеднички поминатото време во правењето прекрасни слатки сигурно ќе изгради сеќавања кои ќе траат целиот живот.
3. Градење животни вештини
Готвењето со децата може да биде одлична прилика за учење на важните животни вештини. Можете да разговарате за математика и количества при мерење на состојките или при сечењето пица на парчиња. Или да им помогнете подобро да ја разберат хигиената и безбедноста на храната додека миете раце и го подготвувате работниот простор. Можете да разговарате за здравата храна додека го подготвувате и украсувате вашиот оброк.
2. Поттикнување на имагинацијата
Поттикнете ги Вашите деца да бидат имагинативни во кујната. Дадете им целосна слобода во украсувањето на нивните колачи, или предизвикајте ги да направат овошна салата со облик на виножито или животни од зеленчуци. Можете да ги пуштите децата да готват со другарчињата и тоа да го претворите во натпревар, на кој би се одбрало кој најдобро ќе ја декорира храната. Но запомнете, секој е победник бидејќи сите ќе уживаат во многу вкусна награда!
1.Немојте да се нервирате поради нередот
Пробајте да не се нервирате поради нередот кој ќе го направат децата забавувајќи се во кујната. Нека бидат креативни. Тие исто така може да бидат дел од тимот за чистење откако се ќе се заврши.
10 совети за вашето дете да разие правилни навики во исхраната
Охрабрувањето на децата да јадат правилно не е секогаш лесно. Овие десет совети ќе им помогнат да развијат здрави навики во младоста.
Не го прескокнувајте појадокот
Појадувањето, дури и да е тоа само банана или чаша млеко, го придвижува телото и помага во одржувањето на енергијата во текот на денот.
Доколку успеете да ги навикнете вашите деца на важноста на појадокот во рана возраст, би требало таа правилна навика во исхраната да им остане и кога ќе бидат постари.
Одберете здрави грицки
Најлесно е да се посегне по чипс или колачи кога ви се грицка нешто, но овие грицки главно имаат многу малку хранливи материи и полно калории.
Наместо тоа, обидете се на своите полици да чувате здрави грицки како овошје, ореви и незасладен јогурт.
Пијте вода
Нека водата ви биде секогаш на располагање за време на оброкот, а трудете се сокот и слатките пијалаци да ги консумирате повремено.
Додека сокот има вредни хранливи материи и дава поттик на енергија на активните тела во развој, децата би требало да пијат вода кога се жедни, а не засладени пијалаци.
Растете сами
Одгледувањето зеленчук и билки дома може да биде забавен начин да ги научите децата од каде доаѓа храната и да ги охрабрите да јадат поразновидно.
Многу е веројатно дека ќе земат барем мал залак од брокула или моркови ако помогнале да се засадат истите. Ако немате градина, расад на прозорецот може да биде подеднакво ефикасен.
Јадете заедно
Трудете се да ги охрабрите децата да јадат редовно со вас на масата наместо пред телевизорот. Децата ќе прифатат правилна исхрана ако видат дека и вие ја прифаќате.
Забавувајте се во кујната
Дадете им на децата да ги пробуваат вашите престилки додека ви помагаат во мали задачи во кујната. Пуштете музика - со играње готвењето ќе биде уште поинтересно!
Забавете
За да ја контролирате телесната тежина на која било возраст многу е важно да јадете полека. Со тоа ќе им покажете на децата на фантастичен начин дека е потребно околу 20 минути за стомакот да испрати порака до мозокот дека е полн. Исто така, потрудете се да ги научите правилно да ја џвакаат храната.
Бидете креативни
Правилната исхрана не мора да значи и здодевна исхрана. Понудете им на децата разнобојна ужинка составена од различни видови овошје и зеленчук, кои исто така можете да ги исечете во интересни форми за да го направат оброкот што е можно попривлечен.
Научете ги кога да престанат
Иако децата се родени со можност да престанат да јадат кога се сити, за родителите често може да биде тешко да одредат дали нивното дете јадело доволно.
Научете ги децата да ги слушаат своите стомаци и да си поставуваат прашања во врска со количината и квалитетот на храната што ја јадат, како на пример „Дали е мојот стомак полн?“ Или „Дали ќе ми биде тешко ако изедам уште едено колаче?“
Не се откажувајте
Истражувањата покажуваат дека повеќето бебиња и мали деца треба да пробаат нешто ново седум до десет пати пред да им се допадне. Затоа, не плашете се да им воведете нови намирници, иако тие честопати ги одбиваат, затоа што тоа е клучно за да развијат правилни навики во исхраната.