Нема подобар начин да го започнете денот во текот на викендот, отколку со долг лежерен појадок - кога имате повеќе време да готвите и да се занесете во релаксирачкото утро, уживајќи во добра шолја чај или кафе и вкусна храна. За ваквите утра пробајте некои од овие идеи:
Поширани јајца послужени со димен лосос и мафини.
Палачинки од брашно со боровинки, послужени со рикота, банана на тркалца и јаворов сируп.
Печени ѓевречиња со крем сир и пушена шунка.
Пржени јајца послужени со пропржени печурки, грилован домат и потпечено лепче.
Омлет со печурки, фета и тиквички послужен на тост леб.
Пржени лепчиња послужени со поширани праски.
Тостиран бриош леб послужен со потпржени парчиња јаболко, макадамија и мед.