Послужете сосови со помалку маснотии или домашно гвакамоле со свежи зеленчуци за освежителна и лесна закуска.
Бадемите се вкусни и хранливи. Значајно е да се послужат во порција со соодветна големина - за една порција се смета мал грст (околу 15-20 бадеми). Послужете ги први, во мала количина.
Ражничите од свежо овошје со грчки јогурт исто така се вкусни и лесни и брзо се подготвуваат. Користите барем 3-4 различни видови овошје за да изгледаат попримамливо.
Брускетитесо домати и босилек се уште едно многу вкусно и лесно јадење. Багет лебот исечете го на тенки парчиња, посипете малку маслиново масло и потпечете ги парчињата во рерна од двете страни. Исецкајте малку домати и босилек, додадете лесен зачин и послужете.
Кога сакате нешто малку посуштинско, послужете тортиљи исечени на парчиња со големина на залак. За нивно полење обидете се со вкусно комбо со пилешко, авокадо, зелена салата, домати и сирење. Или пак, пушен лосос со копар и крем сир.