1. Јајцата се совршен протеин
Јајцата имаат најдобар квалитет кога станува збор за протеините. Тоа е затоа што сите протеини од јајцата можат да се апсорбираат и телото може да ги користи.
2. Како проверувате дали јајцето е добро?
За да бидете сигурни дека јајцето е свежо, само треба да го натопите во чаша вода. Ако оди на дното, тоа значи дека жолчката е тешка, па јајцето е сѐ уште добро, а ако лебди, жолчката е лесна, па затоа мора да се фрли.
3. Варено јајце
За да откриете дали е варено јајцето, се што треба да направите е да го вртите. Ако не се врти, тоа значи дека треба уште да се вари.
4. Бојата на јајцето
Бојата на јајцето (било да е бела или кафеава) не го претставува неговиот квалитет или свежина. Таа само укажува на расата на кокошката.
5. Колку јајца јадеме?
Секоја година се произведуваат околу 1,2 трилиони јајца. Во просек, едно лице троши скоро 173 јајца годишно, иако се чини неверојатно. Речиси 40% од јајцата произведени ширум светот се консумираат во Кина.
6. Големината на јајцето
Честопати се прашуваме зошто некои јајца се поголеми од другите. Па, ова се должи на возраста на кокошката. Колку е постара, толку поголеми се јајцата.
7. Траење
Можете да јадете јајца кога сакате, но се препорачува да не се постари од 10 недели.
8. Дали можете да јадете јајца кои се испукани?
Не се препорачува да јадете јајца дури и да се малку испукани, бидејќи низ тие пукнатини можат да влезат микроорганизми и да го оштетат вашето тело.
9. Дали можете да ги миете јајцата?
Не се препорачува миење на јајцата бидејќи миењето може да ја оштети лушпата која е бариера за микроорганизми кои можат да му наштетат на јајцето, а со тоа и на вас. Ако сè уште ги миете, направете го тоа најмалку еден час пред да ги готвите.
10. Бојата на жолчката
Хранливата вредност на јајцето не се рефлектира во бојата на жолчката. Жолчките се разликуваат во зависност од тоа што јадат кокошките.
Што ве изненади најмногу од овие нови нешта кои ги дознавте?