Оставете го бифтекот да се стопли
Извадете го месото од фрижидерот и оставете го на собна температура околу 30 минути пред да готвите.
Погодете ја дебелината на месото
За да добиете вкусен бифтек, месото треба да биде дебело 4-5 см.
Изберете соодветни зачини
Многу е важно да го посолите месото пред да готвите, најдобро неколку часа претходно. Солта им помага на клетките да ја задржат водата, па со тоа загарантирано ќе добиете сочен бифтек. Пред да го ставите на скара, добро избришете го месото со хартиени салфети и повторно посолете го. Солта мора да се стави на двете страни, но исто така и по страните.
Ставете бибер
Биберот дава посебен вкус на бифтекот, но ако изберете да користите мелен бибер може да формира кора. За совршен бифтек користете комбинација на ситно мелен, средно мелен и свежо мелен бибер. За да добиете свежо мелен бибер, земете неколку зрна, ставете ги во пластична кеса и здробете ги со шпатула.
Почувствувајте ја топлината
Особено кога го правите бифтекот на скара, треба да знаете која е вистинската температура за да го ставите месото на оган. Лесно е да се провери! Поставете ги рацете на околу 5 сантиметри од скарата. Ако можете да ги држите рацете свртени нагоре две секунди, тогаш е време да го ставите месото на скара.
Користете термометар
За да го добиете бифтекот што го сакате, најдобро е да користите кујнски термометар. На 50-60 °C добивате крвав бифтек, на 63 °C добивате крвав накај средно печен, на 70 °C средно печен, а на 76 °C ќе добиете добро печен бифтек. Во секој случај, препорачливо е да го тргнете бифтекот од огнот кога температурата е 15 °C пониска од потребната, поради тоа што месото продолжува да се готви дури и откако ќе го тргнете од топлината.
10 минутно стабилизирање прави чуда за бифтекот
И не треба да го завиткате во фолија. Во овој период влакната се релаксираат и се шири сокот и аромите. Запомнете дека трпеливоста е доблест. Кога го пржите во тавата поставете го огнот средна топлина, ставете го бифтекот во тавата и мрдајте го низ неа за да не се залепи. Оставете го на секоја страна по околу две минути.
Кога го спремате бифтекот во рерна
Загрејте ја рерната на 250 °C. Ставете го бифтекот на средината на садот за печење и оставете го во рерната околу 1-2 минути од секоја страна. Извадете го од рерната, намачкајте го со несолен путер од двете страни и повторно ставете го во рерната. Оставете го уште 3-5 минути, во зависност од дебелината на месото, а потоа извадете го и оставете го да се стабилизира неколку минути пред да го сервирате.
Додадете гарнир
Што би бил бифтек без гарнир? Може да пробате да го послужите со сос од путер, сос од печурки, песто, тебуле салата или зеленчук.