Погодни садови за чување
Набавете садови за чување погодни за сите видови храна, на пример: сад за супи кој добро се затвора, преграден сад за ручеци за база и гарнири, сад за салати и слично. Колку повеќе видови садови имате, толку полесно ќе ви биде да го пронајдете рецептот за совршен ручек за на работа.
Изберете јадења што се лесни за подготовка
Дури и ако понекогаш имате денови преполни со активности, не заборавајте дека можете да пристапите на многу начини за да готвите избалансирано, вкусно и брзо. Пастата е едно од најлесните, совршени јадења за пакување. Maggi Идеја на денот ви помага во основата за сосови за шпагети карбонара, миланезе, болоњезе и пене арабијата, со состојките што веќе ги знаете. И така, за 25-35 минути можете да уживате во ручек повкусен отколку во ресторанот, направен со свои раце.
Не заборавајте да комбинирате протеини со витамини
Потребни се само неколку минути за да испржите зеленчук во маслиново масло, но исто така и неколку минути за да го сварите. Додадете малку сол, бибер и омилените зачини, заедно со Maggi Идеја на денот, и можете да кажете дека сте го зготвиле највкусниот ручек. Дефинитивно ќе го разбудите апетитот кај колегите!
Гответе наутро
Поради замор, во вечерните часови немате енергија за други активности. Предност е тоа што може да готвите и наутро, што ќе ви даде енергија и благосостојба за целиот ден. Но, не само тоа, така вашата храна ќе биде посвежа и повкусна!
Подгответе календар
Подгответе лист хартија, направете табела за 4 недели и 5 работни дена, размислете за вашите омилени јадења и доделете им ден. Така, ќе знаете што треба да купите секој викенд, ќе имате подобар увид на тоа што го јадете и ќе бидете поорганизирани. Ако ви недостасуваат идеи, не заборавајте дека производите Maggi Идеја на денот може да ви помогнат во мешавините на зачини за неколку видови паста.
Купувајте за време на викендите
Покрај фактот дека ќе заштедите навистина многу време, ќе бидете и поодморени кога ќе ја направите вашата листа за купување. Разгледајте го и горенаведениот совет: направете календар. Така, вашите оброци ќе бидат поизбалансирани, поорганизирани и готвењето веќе нема да ви претставува товар.
Затоа, следете ги сите овие советии ќе ги имате сите ресурси да готвите највкусни ручеци за во канцеларија. Дополнително, ќе ги мотивирате колегите да го направат истото и ќе имате можност да си споделувате совети од кујната.