Вклучувањето на детето во процесот на подготовка на храна е забавна активност но и голем предизвик за многу родители. Оваа активност развива одговорност и ги учи децата на добри навики.
Кујната е прекрасно место за малечките и можете да ги заинтересирате во согласност со нивната возраст. Децата се и горди кога учествуваат во активностите со целото семејство, стекнуваат самодоверба и развиваат креативност.
Ви претставуваме неколку идеи како можете да ги заинтересирате малечките за тајните на кујната:
Одберете вистинско време кога ќе ги поканите да готват, како би била прифатена поканата. Повикајте ги кога се одморени.
Помошта во кујната е секогаш добредојдена, дури и кога доаѓа од детето. Покажете им дека сте среќни дека ви помагаат.
Нека се почувствуваат корисни. Дајте им задачи кои се соодветни на нивната возраст и немојте да им давате повеќе од тоа што можат да го направат. Гответе вкусни, но едноставни јадења.
Вклучете ги и во поставувањето на масата, додека вие ги поставувате чиниите тие можат да ги поставуваат салфетите. Сите овие вештини кои ги учат во кујната се важни за развој на чувството на одговорност кон храната и може да помогнат детето да прифати избалансирана исхрана.
Многу од овие активности се прават во градинка, а децата се многу горди на своите “кулинарски креации”.
Бенефити од вклучувањето на малечките во кујната:
Вашето малечко ќе ги усоврши своите четири сетила ( вид, вкус, допир и мирис);
Односот помеѓу вас ќе се зајакне;
Детето ќе научи да води хигиена, како би водело избалансиран живот, ќе ги измие рацете а потоа ќе дојде во кујната;
Децата се најсреќни во кујна, и доколку им дадете нивен прибор ќе се почувствуваат дека ги сфаќате сериозно. Затоа ќе имаат добри кулинарски искуства што ќе го подобри расположението на сите кои се вклучени во домашните активности;
Ќе го научите колку е важно исхраната да биде избалансирана, а тоа знаење ќе му помогне да носи вистински одлуки;
Доколку го вклучите во процесот на подготовка на храната, детето полесно ќе прифати да јаде одредено јадење кое не го сака, како зеленчуците.
Готвењето со бебе ќе го засили односот помеѓу вас, а истовремено ќе го научи вашето малечко да усвојува здрави животни стилови.
Кој е првиот рецепт кој ќе го подготвите со своето дете?