Побарајте прави, светло зелени стебла со тврди врвови.
Авокадото е подготвено за јадење кога лушпата ќе му се затемни и е меко кога ќе се притисне.
Изберете тврдo цвекло, што го задржалo црвеното стебло со зелени лисја. Ако цвеклото е меко и нема стебло или лисја, веројатно е постаро, затоа користете го веднаш.
Цветовите треба да бидат стегнати и темно зелени. Избегнувајте премногу дебели стебла.
Побарајте тврди моркови со релативно мазна површина. Избегнувајте дебели моркови, бидејќи тие често имаат тврда срцевина. Купувајте моркови од гајба, бидејќи спакуваните задржуваат повеќе влага, што ги расипува.
Изберете темно зелени краставици, со здрава лушпа.
Целерот мора да биде цврст и светло зелен.
Изберете модри патлиџани кои имаат мазна лушпа и немаат меки делови.
Изберете целосни глави. Избегнувајте ги оние што имаат зелени завршетоци или знаци на потемнување.
Изберете праз кој има темно зелени лисја и бели стебла. Избегнувајте стебленца со пожолтени или кафени дамки, бидејќи тоа е знак дека е празот е презреан.
Побарајте печурки со мазна површина. Дехидрираната површина значи дека печурките се стари.
Изберете цврсти компири, без пукнатини и нерамна површина.
Најдобро кога кромидот има целосна кафеава лушпа, и е без зелени завршетоци или меки делови.
Изберете црвени пиперки кои се мазни и дебели, без меки делови или жолти дамки.
Купете спанаќ кој е свеж и зелен, без пожолтени или омекнати лисја.
Изберете сладок компир без пукнатини, нерамнини или меки точки.
Изберете тиквички со тврда зелена лушпа. Старите тиквички ќе ги препознаете по тоа што се меки и збрчкани.