Додадете сладок зеленчук
Зеленчуците како лук, кромид, целер и морков се состојки кои се користат во скоро секоја супа. Испржете ги во масло или на путер и гответе ги сè додека не станат меки и не добијат посладок вкус, па тогаш ставете ги во садот за супата.
Размислете за времето за готвење на секоја состојка
Грашокот, на пример, ќе се зготви многу побрзо од морковите. Ставете ги зеленчуците со редослед според кој на крајот сите ќе бидат добро зготвени.
Исечете го зеленчукот до големината на лажица
Постојат многу варијанти на супи. Во некои зеленчукот е исечен на големи парчиња, а во други е ситно сецкан. Ако сакате да уживате во супа со поголеми парчиња зеленчук, исечете ги така што ќе може да ги собере во лажицата и ќе биде лесно да се јаде супата.
Не варете многу долго
Ако ја оставите супата да врие премногу долго, зеленчукот и тестенините ќе започнат да се распаѓаат, а месото ќе стане тврдо. Откако супата ќе започне да врие, температурата се намалува.
Тестенините ставете ги последни
Кога правите супи во кои додавате тестенини, не ги подготвувајте одделно. Ставете ги на крајот на варењето, во истиот сад за да ја попримат аромата од другите состојки.
Кога додаваме павлака
Ако сакате да додадете павлака во супата, најдобро е да ја извадите од фрижидерот и да ја оставите да се стопли пред да ја ставите во супата.
Колку супа треба да послужите
Доколку супата е единствено јадење, тогаш порција за возрасен треба да биде 350 мл. Ако супата е првиот курс, тогаш една порција треба да биде 250 мл.
Одберете еден или два главни зеленчуци
Во зависност од сезоната, можете да користите еден или два зеленчуци кои ќе бидат главни, а останатите треба да бидат додатоци. На пример, во зима главни состојки на супата можат да бидат компири и праз, а во есен моркови и печурки.
Оставете ја супата да се излади
Без оглед на тоа колку е примамливо да ја вкусите супата веднаш штом сте ја подготвиле, најдобро е да ја оставите да се излади. Кога е жешка можеби ќе и додадете премногу зачин и ќе и го расипете вкусот.
Ако планирате да ја ставите супата во замрзнувач
Да, супата може да се чува во замрзнувач, само треба да следите неколку правила ако сакате да добиете вкусна супа. Никогаш не додавајте тестенини во супа што ќе ја ставите во замрзнувач затоа што по одмрзнувањето тие многу ќе омекнат. Исто така, оставете го зеленчукот потврдо варен, така што по одмрзнувањето, кога ќе го загреете, ќе го довршите процесот на готвење.
Не заборавајте ги билките
Ако додадете билки како босилек, магдонос или рузмарин, можете да добиете навистина вкусна супа.
Имајте добар апетит и уживајте во готвењето!