Методи со кои можете да ја одржите марулата свежа подолго време
Метод 1: Марула завиткана во хартиени салфети
Марулата се чува завиткана во влажни хартиени салфети во делот за зеленчук во фрижидерот. Измијте ја марулата и одделете ги лисјата еден по еден. Исцедете ги лисјата и потоа завиткајте ги во хартиени салфети.
Метод 2: Марула складирана во пластични кеси
Друг начин да се задржи марулата свежа подолго време е да ги повторите чекорите од методот 1 и потоа да ја ставите во пластична кеса. Може да користите кеса за вакумирање, и во овој случај воопшто не треба да ја затворате кесата, или пак можете да користите обична пластична кеса која што ќе ја врзете со ластиче.
Метод 3: Марула во пластична кутија за чување
Можете да ја замените пластичната кеса од метод 2 со пластична кутија за чување.
Метод 4: Марула складирана во фрижидер
Доколку имате повеќе марула и сакате да ја испразните фиоката за зеленчук во фрижидерот, добро измијте ја, ставете ја во хартиени салфети и повторно ставете ја во фрижидерот.
Метод 5: Марула замотана во хартиена салфета
Добро измијте ја марулата и доколку сакате исецкајте ја. Ставете ја исечената марула на голема хартиена салфета и завиткајте ја како палачинка. Дополнително, можете да ја ставите во сад кој што добро ќе го покриете со пластична фолија.
Метод 6: Марула на слоеви
Исечете ја марулата со големина каква што ја сакате откако претходно ќе ја измиете. Ставете слој марула во сад, потоа хартиена салфета. Повторно ставете нов слој марула па повторно салфета. Повторете ги овие чекори онолку пати колку што е потребно. На крајот, ставете го садот во кеса и оставете го во фрижидер.
Како ја одржувате марулата свежа кога веќе е ставена во салата?
Сакате салатата што ја јадете да изгледа добро и марулата да не остава многу вода.
Еве неколку совети:
- ставете го останатиот зеленчук на дното на садот а марулата најгоре; внимателно измешајте ги состојките на салатата;
- ставете го дресингот откако ќе ги измешате сите состојки или дури и пред да ја јадете салатата; покријте го садот за салата со хартиена салфета.