Хумус со леб - испржете неколку парчиња леб и намачкајте ги со хумус. Се топат во уста!
Користете хумус како замена за мајонез, сос или сенф. Хумусот е добар извор на протеини и калциум и е одлична замена за сос или мајонез.
Користете хумус како сос за чипс - ако сакате да добиете закуска која потсетува на Медитеранот, користете хумус како сос за јадење со чипс, форнарини или фокача. Направете го тестото дома за уште посовршен вкус.
Пире од компири со хумус - сигурно ќе ви стане омилена комбинација. Заменете ја павлаката или путерот што обично ги користите во пирето од компири со хумс. Ќе добиете оброк со прекрасна арома и помалку калории.
5. Полнети јајца - добра алтернатива за класичните јајца, полнети со паштета или мајонез. Сварете неколку јајца, исечете ги на половина, извадете ја жолчката и наполнете ги со неколку лажици хумус.
6. Хумус со свеж зеленчук - за оние моменти кога сте гладни и копнеете за вкусна закуска. Одберете свеж зеленчук, измијте го и исечете го (на пример може да одберете моркови, краставици) и користете хумус како сос. Оваа закуска е добра за целото семејство. Децата ќе бидат воодушевени!
7. Хумус со фалафел - ова е класична комбинација, а најдобра е кога е домашно направена.
8. Дресинг за салата од хумус - дали ви е здодевно од класичниот дресинг од масло и оцет? Измешајте неколку лажици хумус со малку маслиново масло, сок од лимон и црвен пипер.
9. Врап со хумус, салата и јајце - одличен е за појадок. Овој рецепт е многу едноставен: една тортиља, неколку листови марула, две-три шери домати, средно зовриено јајце и хумус.
10. Печурки полнети со хумус и фета сирење - ако сте љубители на печурки дефинитивно треба да ја пробате овој рецепт!