Куркумата исто така има корисни својства за здравјето. Консумирана во храна, има антиинфламаторно дејство и може да го доведе нивото на холестерол во рамнотежа, но може и да се користи во козметичките маски за осветлување на кожата. Куркумата не само што е основната состојка за кари, туку може да се користи и во многу други рецепти. Па така, можете да ја користите куркумата и поради нејзините бенефити за вашето здравје и за да додадете боја на вашите оброци.
Дресинг за салата
Можете да користите куркума за да направите вкусен дресинг за салата. Измешајте четвртина чаша паста од сусам со 3 лажици сок од лимон, 2 лажици маслиново масло, половина лажица куркума, половина лажица црвен пипер и сол и бибер според вкус.
Маринирано свинско месо
Ако сакате да подготвите специјална вечера или да пробате нови вкусови, пробајте да го маринирате месото со куркума пред да го готвите. Измешајте половина чаша јогурт со 2 чешниња мелен лук, четвртина чаша мед, лажица сок од лимон и половина лажичка куркума. Откако месото ќе отстои во маринадата најмалку 10 минути, можете да го отстраните вишокот јогурт и да го готвите свинското како и обично. Навистина е прекрасно!
Смути
За вкусно смути, кое е истовремено здраво и со посебна боја, измешајте во блендер банана, чаша ананас, половина лажица свежо рендан ѓумбир, четвртина лажичка куркума, половина чаша сок од морков, лажица сок од лимон и чаша бадемово млеко или млеко од соја. Ќе бидете полни со енергија!