Лазања со мелено месо и бешамел сос
За да се подготви, првиот чекор е да испржите кромид, морков и целер на стопен путер. Потоа се додаваат месото и црвеното вино и се оставаат на оган додека виното не испари. Потебно е да се меша од време на време. Ставете ги исецканите домати и исцедете го нивниот сок, додадете босилек, сол и бибер, малку вода и варете 20 минути. За бешамел сосот треба да готвите 50 гр брашно на 50 гр стопен путер и постепено да додавате 500 мл млеко, се додека сосот не добие конзистентност. Зачинете со сол и бибер. Следно, распоредете малку од месото на дното на садот подмачкан со путер, покријте го со лазањи и сос од бешамел. Повторете со редење на слоевите и не заборавајте да посипете малку пармезан над секој од нив. Последниот најгорен слој треба да биде бешамел сос со пармезан.
Вегетаријанска лазања
Подгответе сос од рикота сирење, спанаќ и оригано, исечете ја тиквичката на тенки парчиња и покријте го долниот дел на садот за печење со малку сос од домати. Додадете слој од парчиња тиквичка одозгора, слој сос од рикота и повторете со редење на овој начин. Најгорниот слој треба да биде сос од домати. Печете 1 час и 15 минути.
Лазања со пилешко месо, печурки и спанаќ
Во тава со малку масло, додадете ситно сечкан кромид, чили, лук, исечкани печурки, босилек и сол. Кога печурките ќе омекнат и сокот испарува, додадете го спанаќот сè додека не стане мек, а на крајот додадете го исечканото печено пилешко месо. Во тенџере ставете пилешка супа, млеко, морско оревче и сол. Кога ќе почне да врие ставајте малку по малку брашно, додека не се згусне и посипете малку пармезан.
Во сад за печење истурете слој сос, потоа лазања натопена во вода, потоа од смесата со месото, па повторно сос, и потоа моцарела . Повторете со уште 3 слоја, од кои најгорниот е сосот и сирењето. Покријте со алуминиумска фолија и печете 25 минути. Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути.
Лазања со шунка и сирење
Во тавче стопете малку путер, додадете ситно сечкани кромид и печурки и гответе 4-5 минути. Истурете малку брашно и додадете млеко. Гответе додека сосот не згусне и не почне да прави меурчиња, околу 5-7 минути. Додадете кравјо сирење и Гауда и промешувајте додека не се стопат. Потоа додадете ситно исечена шунка, печурки и магдонос. Во тава подмачкана со путер, ставете слој од лазања, проследено со друг слој шунка и печурки. Повторете два пати и посипете малку сирење на последниот слој. Ставете во рерна 40 минути.
Лазањата може да се подготви на многу различни начини.
Бидете креативни, додадете ги омилените состојки и уживајте во вкусното јадење!