Постојано промешувајте
Промешувајте го оризот постојано бидејќи само на тој начин воздухот ќе циркулира и рижотото ќе ја добиете таа леплива конзистентност. Од друга страна, доколку не мешате доволно, ќе се залепи и ќе изгори. Кога зборуваме за совршено рижото, добро знаеме дека мора постојано да мешаме затоа што овој ориз станува кремаст токму поради постојаното промешување на зрната.
Не ја ставајте целата вода одеднаш
Ако ја ставите целата вода во оризот уште на почетокот ќе добиете само варен ориз. Додавајте вода (или некоја супа што ја сакате) малку по малку, чекајте додека оризот не ја апсорбира количината на вода што сте ја ставиле и само тогаш додадете уште.
Ставете ја вистинската количина на вода
Запомнете дека односот на вода наспроти оризот е четири чаши вода за една чаша ориз.
Гответе го оризот додека не ја добие саканата конзистентност
Како и пастата оризот треба да биде сварен “ал денте”, и да е малку тврд кога ќе го гризнете. Запомнете дека не правите пудинг од ориз!
Користете помал сад за готвење
Доколку садот во кој се вари оризот е премногу широк, и по постојаното мешање нема да ја добиете потребната кремавост. Исто така ако правите рижото во голем сад при готвењето ќе има потопли и помалку топли делови бидејќи пламенот нема да биде еднаков на целиот сад. Затоа изберете сад за готвење којшто одговара на големината на пламенот или ринглата на шпоретот.
Гответе на средна температура
Оризот треба да се прави на среден оган, не на слаб.
Додадете веќе сварен зеленчук во оризот
Ако сакате да добиете вкусно рижото, тогаш зеленчукот мора да го додадете откако претходно ќе го сварите. Овој аспект е особено важен за оние зеленчуците кои што имаат многу вода во нив спанаќ, печурки итн.
Додадете ги кашкавалот и сирењето на крајот
Пармезанот и маскарпонето мора да се додадат на крајот на процесот на готвење. Ова е единствениот начин да се добие кремасто и вкусно рижото.
Одлучете се за класичен рецепт
Ако претходно не сте направиле рижото, најдобро е да го направите основниот рецепт (со пилешка супа, пармезан и маслиново масло).