За рецепти за месо
Додадете сол и бибер по вкус, но не заборавајте неколку детали што рецептите за месо ќе ги претворат во кулинарски задоволства. Обидете се со зачини како што се магдонос, мајчина душица, рузмарин или ловоров лист. Нивните силни вкусови се погодни во многу рецепти, од чорби, скара, тестенини со месо, супи, до подготовка на маринади или пушено месо.
Доколку дома немате свеж магдонос или рузмарин, можете да ги замените со нивната сушена верзија. Аромите не се толку интензивни, но можете да го доловите ефектот, само додадете поголема количина зачин. Може да се одлучите и за лук, оригано, црвен пипер или нане; тие совршено ќе ги надополнат рецептите со пилешко. Зрната од сенф се добра идеја со свинско месо, а за говедско или јагнешко пробајте лути зачини, како што се чили или ѓумбир.
Коријандерот е исто така популарен зачин затоа што има широка примена. Наликува на магдонос и може да се користи во зготвена храна, супи или салати. За рецепти со месо можете да користите и веќе создадени миксови од овие зачини, во соодветни количини, како што е Maggi Идеја за пилешко.
За паста
Кога подготвувате сосови за паста можете да ја откриете вашата креативност со комбинирање на зачини. Започнете со додавање кромид или лук, ливчиња магдонос, оригано и рузмарин. Можете да додадете сосема поинаков вкус додавајќи чили, мед или босилек. Во сосовите од домати можете да користите и сушени и свежи билки. Во рецептите за паста со бел сос најдобро е да користите сушени билки за да ја задржите белата боја на сосот. Ако ги немате сите овие зачини дома, најлесен начин е да користите бази за сосови за паста, кои ги содржат сите овие состојки кои што ви се потребни. Помеѓу производите “Маги Идеја за” можете да ги пронајдете вистинските миксови за шпагети Болоњезе, Миланезе, Пене Арабиата или Карбонара.
За риба
Без разлика дали ќе додадете зачини директно на рибата или во сосот, можете да се одлучите за едноставни состојки кои што веројатно веќе ги имате во кујната. Рибата добива посебен вкус во комбинација со сок од лимон или кисели сосови.Во нив можете да додадете копар, ѓумбир, мајчина душица или ловоров лист. Доколку преферирате риба на скара, исушените ароматични билки ќе обезбедат суптилна арома и добро ќе го комплиментираат вкусот на ќумурот. Генерално се препорачува да се одлучите за еден главен зачин, покрај сол и бибер, за да добиете избалансиран вкус. Мајчината душица и копарот имаат силна арома, и свежи и сушени.
Во рецептите за печена риба, чорба или сос, можете да додадете и зачини како лук, чили или ким.
За салати или рецепти без месо
Во рецептите без месо можете да комбинирате неколку видови зачини и да создадете уникатен вкус на лесниот оброк. Во рецептите со месо, најдобро е да се користи еден главен зачин, но во рецептите без месо можете да пробате разни комбинации. Без разлика дали тоа е јадење со компири, печурки, зелка или печени пиперки, лукот е сигурна состојка. Можете да го комбинирате со мајчина душица, чили, рузмарин и ѓумбир. Обидете се и со зелени билки како рузмарин, босилек или магдонос во летни салати, канапе или вкусни сосови од домати. Во нивната сушена верзија можете да ги искористите во текот на целата година.
Зошто да користите зачини во храната?
Дали знаете дека и билките се извор на витамини? Магдоносот и коријандерот се познати по витаминот Ц и А, мајчината душица и рузмаринот помагаат во варењето, а лукот природно го зајакнува имунитетот. Можете да ги користите и во креативни украси за кујната или едноставно за сервирање на оброците. Можете брзо да го претворите секој оброк во празник за сетилата со само неколку зачини кои што ви се при рака.
Кои зачини секогаш ги имате дома?