Се надевам дека најдовте инспирација од претходниот блог за тоа што да правите со остатоците (можете да ги најдете тука доколку го пропуштивте). Во него имаше идеи за искористување на остатоците од зеленчук, а денешниот блог е фокусиран на тоа што да правиме со остатоците од домашните јадења, од месо или тестенини до чорба и јадења во тава. Верувам дека секоја вечера може да биде убава по втор пат!
Било кои остатоци можат да се користат како додаток за пица. Само исечете го остатокот од месото или зеленчукот на парчиња. Црвеното месо го сакам исечено на тенки ленти и премачкано со лук и зачини или пак со сладок чили сос. Пилешкото е секогаш одлично за пица, а е уште подобро ако го маринирате: измешајте 1 пакетче MAGGI Fix за пилешко месо со половина чаша јогурт за супер едноставна маринада. Постои и голем избор за бази. Можете да купите бази за пица од вашиот локален супермаркет или да пробате со пита леб за промена. Или доколку сте подолго време дома, зошто да не направите пица од нула? Постојат многу рецепти на Интернет, а правењето тесто е толку забавно. Која основа и да ја одберете, запомнете дека ќе бидат потребни само неколку минути за да се подготви. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ја својата пица. Во зависност од основата што ќе ја изберете, ќе бидат потребни од 4 до 10 минути.
Дадете и втора шанса на вчерашната чорба или тепсија претворајќи ја во мусака. Сите состојки од чорбата направете ги со еднаква големина. Потоа, над неа изрендајте кашкавал и ставете ја во рерна загреана на 180С. Гответе додека јадењето стане топло.
Исечкајте го остатокот од месо или зеленчук на мали парчиња, а потоа пржете го во тава пред да ги додадете изматените јајца за вашиот омлет. Додадете сирење или зачини. Друг начин да ги направите преостанатите зеленчуци интересни е да ги исечете и да ги пропржите со ѓумбир и соја сос, а во друга тава да направите тенок омлет од јајца кој ќе го исечете на ленти и ќе го посипете со осатоците пред да ги послужите.
Сè уште сте гладни за нови идеи? Проверете ја страната со рецепти на вебсајтот на MAGGI со кликајќи тука.