“Рамен” супа со пилешко
Рамен е здрава и вкусна јапонска супа која вклучува комбинирање на неколку состојки со нудлите. За подготвување на пилешкото ви се потребни млад кромид, ѓумбир, лук, масло од сусам и сварени обезкостени пилешки нозе, кои се подготвуваат заедно со сос од соја, шеќер, саке, лук и ѓумбир.
Супа “Удон”
Овој вид супа често се подготвува со печурки и билки. На пример, можете да пробате да комбинирате нудли со било кои печурки, ѓумбир, спанаќ, сос од соја, сок од лајм, тофу и масло од сусам. Сè што треба да направите е да ги сварите нудлите со ѓумбир и печурки, а потоа да ги додадете останатите состојки.
“Соба” нудли
Исклучително вкусен рецепт кој може да содржи печен модар патлиџан, боранија, спанаќ, сос од соја и секако нудли. Сомен нудлите се разликуваат по нивниот многу мал дијаметар во споредба со другите видови на нудли. Можат да се готват и во супи и како засебен оброк. Многу едноставен рецепт за готвење овие нудли е со течност од пилешка супа, варени јајца, млад кромид, брокула, лајм, ѓумбир и магдонос.
Значи, нудлите може да се готват на многу вкусни и здрави начини, како за вегетаријанците, така и за љубителите на месо.
Како вие подготвувате нудли?