Се наоѓаме во постојана трка, јадеме додека трчаме, јадеме што ќе најдеме, едвај имаме време да дишеме. Сакате здрав начин на живот и сакате да промените нешто во начинот на исхрана. Полесно е одошто мислите. Предизвикот е да научите да ги одржувате тие навики.
Постепено воведувајте здрави навики во својот секојдневен живот, ќе ги видите позитивните ефекти и со време тие ќе ви станат навика. Годините не треба да бидат пречка за промена. Во секое годиште може да се воведат мали промени како би го подобриле својот живот.
Зошто доброто варење е важно
Постојат многу аспекти на исхраната кои промовираат правилна исхрана. Овие пракси не се повразни со она што го јадете, туку како јадете така што може да се искористи најмногу од богатството на храната. 8 чекори за поизбалансиран живот.
Седете на стол во исправена позиција. Избегнувајте нешта кои предизвикуваат притисок на абдоменот
Џвакајте ја храната што повеќе можете. Пред голтање, треба да загризете 20-40 пати
За вечера правете полесни оброци. Идеално би било последниот оброк да го изедете барем 2 часа пред спиење
Започнете го денот со вкусен доручек кој има млечни производи,житарици и овошје
Не правете интензивни физички активности одма по јадењето
Хидрирајте се земајќи вода и течности во текот на денот, без да чекате да почувствувате жед
Јадете во релаксирачко опкружување и бидете свесни дека јадете. Доколку јадете пред ТВ или на маса, веројатно ќе изедете повеќе
Научете да го слушате своето тело кога ќе ви каже дека сте изеле доволно или дека храната била многу тешка. Доколку не го слушате, со текот на времето ќе престане да ви испраќа пораки и ќе јадете прекумерено.
Имате рок и задачи и немате време да јадете. Поради недосатокот на време одлучувате да ручате во град. Понекогаш ја носите храната која сте ја зготвиле. Без разлика што јадете, во град или сопствена храна, држете се до здрав избор.
Ако носите своја храна
Баланс
Комплетната избалансирана исхрана треба да содржи три главни групи на храна:
- жив или варен зеленчук ( колку сакате )
храна богата со јаглехидрати ( паста, ориз, компир, леб ) од 25-30% од вкупната количина на храна
протеинска храна ( месо, риба, јајца ) од 20-25% од вкупната количина на храна
Чување
Барем 4 саати минуваат од кога ќе ја подготвите храната додека да ја изедете. Доколку ја ставате во пластична кутија во фрижидер избегнувајте јајца, месо, свежа или готвена риба. За да го обезбедите потребниот протеин, во овој случај може да одберете готвена шунка, мисирка, туна од конзерва, димен лосос или сурими.
Трикови
Салати со паста/ ориз/ зеленчук се најдобар избор
Чувајте ја чинијата со готвен ориз/ паста во фрижидер и зачинете ја доколку сакате да заштедите време
Зачувајте малку од вечерата за следниот ден
Менувајте ги садовите за да не ви здодее
Доколку одам во ресторан
Се повеќе се навикнувате да јадете во град. Тоа не значи дека треба да јадете нездраво. Одберете избалансирано мени со супа или салата, и најважно е да обрнете внимание на порциите. Голема порција може да поделите со пријател.
Разновидност
Тоа е клуч на здравиот живот. Искористете го фактот дека јадете во ресторан, бидејќи обично не ја подготвувате дома, или поради недостаток на време или поради тоа што на некој од домашните не им се допаѓа.
Трикови
Одберете супа или салата за главно јадење, а оброк со протеин за друго. На пример: супа од зеленчук + леќа со ориз или варен зеленчук + печени компирчиња
За десерт одберете помеѓу овошје или јогурт со малку масти
Додадете ужинка претпладне за да не би биле гладни уште на пладне
Доколку сте се навикнале да пиете на маса, тогаш водата е најдобар избор
Дали јадете пет пати дневно? Дали е вашата исхрана избалансирана?