1. Зачинските билки сечкајте ги со мезалуна
Тешко ви е да ги сечкате зачинските билки со нож? Се сложуваме! Пробајте мезалуна на рузмарин. Ќе видите колку е брзо и едноставно, а целото зеленило ќе се претвори во фино сечкано совршенство.
2. Сечете ги зачинските билки со ножици:
Ова можe да го користите кога зачинските билки не ви служат за декорација. Само ставете ги во сад, како цвеќе во вазна и сечкајте ги ливчињата со кујнски ножици.
3. Сечкајте го зеленчукот со нож за пица
Да, овој алат не се користи само за тесто и пица. Со него лесно можете да исечете пиперки, моркови, а краставиците дури и на листови.
4. Сечкање на шери домати
Нека дигне рака оној кој се мачел да исече шери домати или грозје. Имаме решение. Сите тие лизгави состојки може да ги ставите помеѓу 2 даски. Така ќе се осигурате дека нема да се мрдаат ( не ги притискајте многу силно за да не ги згмечите ). Со нож поминете помеѓу двете даски и ќе добиете 2 совршени половини.
5. Сечење лубеница:
Како да ја послужите лубеницата? Послужете ја на коцки и вашите гости нема да морат да ја сечат самите на кришки и да се накапат. Еве како може да го направите тоа. Отсечете малку од врвот и дното на лубеницата, а потоа продолжете со лупење - ќе ви треба поголем нож. Потоа пресечете ја на пола, а потоа на еднакви делови. Деловите наредете ги на даска за сечкање и исечете коцки.
6. Совршени ленти
Сечкањето на зеленчук како морков и тиквица на ленти, како би ги додале во нудли е доста тешко, но постои решение за тоа. Прво, пресечете го зеленчукот на пола, а потоа со ножот направете длабоки резови преку секоја половина. Резовите направете ги толкави колку што сакате да ви бидат лентите. Потоа земете лупачка и излупете ги лентите.