Како го избирате вистинското?
Првиот показател за дали авокадото е созреано или не е бојата на неговата кора. Авокадото кое е несозреано е светло зелено, а созреаното авокадо е темно зелено, понекогаш дури и темно виолетово накај црно. Во секој случај, бојата некогаш може да ве измами, па најдобро е да го земете во рака и да го стиснете внимателно. Доколку овошјето е цврсто тогаш авокадото е несозреано. Но ова не треба да ве спречи да го купите, бидејќи може да си купите несозреано авокадо и да го оставите да созрее. Важно е да го купите 4-5 дена пред да сакате да го користите.
Како авокадото созрева побрзо?
Постојат неколку начини за да го забрзате процесот на зреење на авокадото:
оставете го на собна температура, ставете го во кафеава хартија со банана, домат или јаболко; завиткајте го авокадото во весник и оставете го на собна температура; друг начин е да го завиткате во алуминиумска фолија и да го оставите неколку дена додека не ја смени бојата и цврстината;или ставете го авокадото во бело брашно, убаво затворете го пакувањето и за 3 дена ќе може да уживате во вкусно авокадо.
Како јадете созреано авокадо?
Доколку авокадото е меко и бојата на кората е темно зелена, тоа значи дека можете да ги користите во следните ден-два. Ви препорачуваме да го ставите во салати. Како го спречувате процесот на созревање на авокадото? Може да се случи да авокадото е погодно за користење, но вие сакате да го јадете за неколку дена. Во тој случај најдобро е да го ставите во фрижидер. На тој начин процесот на скапување ќе се одложи.
Исто така, доклку сакате едната половина од авокадото да ја користите по неколку дена, најдобро е да го замотате во пластична кеса, а над него да исцедите малку лимон ( го стопира оксидирањето) и да ја ставите во фрижидер.