Печено пилешко со гарнир
Ова е класик кој што сигурно ќе им се допадне на сите. Сè што треба да направите е добро да го измиете месото и да ги искористите кесата за во рерна и внимателно избраните зачини од пакувањето MAGGI Сочно од рерна. Можете да изберете помеѓу лук и зеленчук или, ако вашите гости се поавантуристички, можете да се одлучите за MAGGI Идеја на денот. Гарнитот може да го прилагодите според сезоната или според вашите вкусови. Нема да згрешите доколку се одлучите за комбинацијата на пилешко со печен или варен компир, но исто така можете да направите салата или варена брокула.
Печени компири со путер и магдонос
Печени компири со путер се јадење во кое вашите гости веројатно уживале често кога биле деца. Иако рецептот не е сложен, зачините и презентацијата можат да го направат ова јадење навистина вкусно, и исто така да разбудат драги спомени. Користете средни компири и внимателно проверете дали се добро измиени, но не ги лупете. Ако користите MAGGI Идеја за Печени компири со лук, ќе додадете дополнителен вкус. 10 минути пред крајот на печењето, можете да ја отстраните кесата за да обезбедите крцкава надворешност и мека внатрешност на компирите. Кога компирите се подготвени за сервирање, додадете малку путер и посипете свеж магдонос одозгора. Печените компири се совршени за посетите во зима или за вечрите со саканите.
Пене Арабиата
За овој рецепт ви требаат само тестенини по избор, сос од домати и кромид, но можете да додадете и други намирници доколку сакате да експериментирате со вкусови. Мaggi Идеја за Пене Арабиата содржи состојки кои што веќе ги знаете и кои ќе го направат вашиот сос вистинско чудо. Покрај пастата, можете да послужите и крцкав леб со лук и пармезан. Сè што треба да направите е да исечете леб, но без да ги поделите парчињата целосно. Потоа посипете малку стопен путер и измешајте со лук, додадете пармзезан одозгора и ставете го во рерната додека пармезанот не зацрвене. Ако сакате вашата чинија да биде навистина импресивна, откако пастата ќе биде подготвена можете да ја ставите во огноотпорен сад и да ја посипете со моцарела или мешавина од сирења одозгора. Оставете ја десет минути во рерната и подготвени сте за гости!
Салата од печен зеленчук
За гостите кои сакаат нешто ново, можете да пробате салата од зеленчци во рерна, што сигурно ќе ги импресионира со нејзиниот вкус. Компирите гответе ги одделно, со MAGGI Идеја за компири. Овие печени компири со лук ќе дадат посебен вкус на вашата салата. Останатите зеленчуци изберете ги според вашиот вкус (моркови, пиперки, целер, кромид) и печете ги во посебен огноотпорен сад 25 минути, откако ќе го зачините со сол, бибер и малку маслиново масло. Почекајте да се оладат, а потоа посипете неколку ливчиња спанаќ, додадете фета сирење и едноставен дресинг направен од сенф, малку оцет и масло. Чудо!
Полнети пиперки со болоњезе
Иако е познат по својата одлична комбинација со паста, болоњезе сосот може да го искористите и за други јадење; само треба да ја искористите вашата фантазија. Гответе го говедското месо заедно со MAGGI Идеја за Болоњезе сос, а потоа наполнете неколку пиперки со оваа смеса. Ставете ги полнетите пиперки во огноотпорен сад и посипете малку сирење одозгора, па за 25 минути ќе извадите нешто навистина посебно од рерната. Исто така пиперките можете да ги наполните и со лажица варен ориз со бибер, пред да го додадете болоњезе сосот.
Уживајте во готвењето!