Еве една од тешките теми - како да се вклучат децата во готвењето? Научете од советите на MAGGI®.
Готвењето заедно е повкусно.
Можеби не е побрзо, но е многу позабавно. Дозволете им на децата да учествуваат во готвењето. Постои соодветна задача за секоја возраст. Тука собравме идеи погодни за деца од 3 до 12 години. Покрај тоа, вашите ентузијастични асистенти сигурно ќе имаат подобар апетит.
Најпрво, ставете им престилка на децата, бидејќи на добрите готвачи облеката ретко им останува чиста. Договорете се што точно ќе готвите, а потоа поделете ги задачите.
Се разбира, за ова мора да одлучите во зависност од вештините и возраста на детето. Некои деца сакаат да мешаат, други се доволно добри за да изрендаат зеленчук. Без оглед на задачата што ќе ја доделите, не заборавајте - од готвењето детето ќе научи многу за хигиената и ќе стекне корисни вештини во кујната. Ќе научи да ги следи упатствата, ќе препознава вкусови, мириси, разни овошја и зеленчук. И повеќе: ќе вежба математички пресметки - кога ќе ги помножи или подели порциите во рецептот, ќе стекне знаење од физика и хемија - ќе научи што се случува со производите кога ќе достигнат одредена температура.
Колку и да се мали децата, тие секогаш можат да „помогнат“ во кујната. Се разбира, прво мора да им подготвите безбедна средина. Ќе ги израдувате многу многу доколку ги замолите: измијте ги зеленчуците - додека ги учите нивните имиња, измешајте ја салатата и додадете зачини, направете пире од компири со вилушка, посипете ги компирите со сирење или пак измијте пластичен сад или чаша.
Децата на оваа возраст веќе знаат да следат упатства, но тоа не им е омилена активност. Оставете ги да експериментираат, однапред водејќи сметка за безбедната околина . Што можат да направат децата на оваа возраст? - Да ја измерат тежината и да ги ставатт производите во сад - Да исечат меки производи како путер, печурки или јагоди (со пластичен нож) - Да го извалкаат месото во лебни трошки - на пример за јадења од пилешко и риба - Да ги измешаат состојките со лажица или раце - Да ја измешаат салатата или да излупат јајце - Да го замесат тестото (оваа задача, се разбира, мора да ја завршите вие)
Готвење со деца од 5 до 7 години
На оваа возраст, децата веќе можат да користат различни алатки, но колку и да се вешти, секогаш внимавајте на малите помагачи. Можете да набавите специјални алатки за нив кои се побезбедни или дизајнирани специјално за деца. Што можете да им доделите? - Сечење со нож. - Сечење зачини со ножици - Рендање на зеленчук со ренде - Мерење - ова е добра вежба за деца кои учат да читаат и бројат - Маринирање - Матење со мешалка - Подмачкување на тавата - Поставување на масата
На оваа возраст можете да им дадете на децата поголема слобода. Внимавајте на нив и советувајте ги, но ненаметливо - оставете ги децата да го водат процесот. Што можете да пробате? - Самстојно подготвување на едноставен рецепт - Одбирање на потребните состојки пред да се готви - Лупење со лупачка за зеленчук - Мешање со рачен миксер - Подготовка на салати - Отворање конзерви
Од оваа возраст, децата можат да пробаат посложени рецепти, како и да импровизираат. Колку далеку ќе стигнат, зависи од нивната желба и искуството што го стекнале при готвење со вас.
Безбедноста на детето е задолжителна пред да го пуштите во кујна. Кога децата се мали, сите остри предмети треба да се чуваат подалеку од нивниот дофат. Наместо нож, оставете го детето да користи лупачка за зеленчук . Рендињата со 4 страни обично имаат остар дел за сечење на цитруси. Држете ја оваа страна подалеку од децата.
Понекогаш децата се само помагачи. Но, има јадења каде што можете да им дадете повеќе одговорности. Како пица! Обезбедете ја основата. Подгответе различни додатоци, а потоа оставете секој член на семејството да подготви своја комбинација. На крајот, секој ќе има пица по свој вкус. Второто омилено јадење за готвење заедно? Палачинки! Лесно е да се мешаат состојките и забавно е да се украсуваат и полнат.
Се случува да го пробате јадењето додека го готвите. Доколку резултатот ве изненади непријатно, еве како да го поправите.
Премногу зачинето - лажичка шеќер или кечап ќе ја врати рамнотежата на вкусот.
Премногу солено - додадете излупен компир и продолжете да готвите, компирот ќе ја апсорбира солта.
Ако сакате да бидете сигурни дека супата или оризот нема да искипат, само ставете дрвена лажица преку садот во кој готвите. Тоа сигурно ќе ја запре пената и непријатните последици од вриењето.
Зошто да не! Свежиот зеленчук е повкусен за децата отколку варен. Затоа е добра идеја однапред да подготвите сад со тенко исечени свежи пиперки и моркови - свежа закуска за вашиот помошник готвач.