Скара и супа
Дали некогаш сте помислиле дека супата би била одличен додаток за скарата со пријателите? Тоа е одличен начин да уживате во сето тоа месо кое сте го испекле и да го спарите со нешто што ќе ве исполни со задоволство. Подгответе ја супата од аспарагус и ќе дознаете дека така скарата е многу повкусна.
Супа за забави
Еве едена супер идеја за собирање! Ова е нешто што е пробано и тестирано. Така што, нема ризик. Поканете ги пријателите на забава со супа- домаќинот подготвува лепеза на различни крем супи во кои сите ќе уживаат. Остатокот од екипата треба да донесе прилози како што се зеленчук, колбаси или било што друго што мислат дека ќе оди добро со супа. Уживајте во вкусовите и забавата ќе биде супер!
Лажица која се јаде
Доколку барате вкусен прилог кој би одел добро со вашата супа еве една идеја ако имате малку повеќе време за својата следна вечера. Измешајте кашкавал, путер и сол во голема чинија и потоа додадете малку вода и брашно. Кога ќе го добиете тестото истегнете го и исечете 6 парчиња во облик на лажица. Печете ги во рерна 25 мин. Послужете ги свежо испечените лажици кои се јадат со својата омилена супа.
Иницирај забава
Секогаш бараме нови начини да направиме забава, а ако ви снема идеја еве една која сигурно ќе ги фасцинира вашите пријатели. Послужете им супа од брокула во мали шарени чашки наместо во вообичаените чинии, со лепчиња со потпечено сирење. Лепчињата исечете ги на ситни коцки како би можеле да се натопат во супата. Ќе биде хит на вашата забава!