1. Одлучете кои состојки сакате да ги користите за омлетот - најдобро е да не користите повеќе од 2-3 состојки. За класичен омлет можете да користите: чедар сирење, шунка, печурки, пиперки или домати, кромид, свежи билки. А доколку имате желба за специјален омлет, одберете брокула, бри сирење или пак пченка и салса.
2. Внимавајте на тавата што ќе користите - користете нелеплива тава секој пат кога правите омлет. Загрејте ја тавата на средна температура со лажичка путер и тогаш додадете го омлетот. За да го свртите користете силиконска шпатула. Така ќе добиете многу вкусен омлет кој убаво изгледа. Навалувајте ја тавата полека кон лево и десно за омлетот да не се залепи на рабовите.
3. Изберете ги внимателно јајцата што ќе ги користите во омлетот - пред да ги користите јајцата треба да ги оставите на собна температура.
4. Ако сакате да добиете мек омлет, додадете млеко.
Пропорциијата е следна: лажица млеко на секое јајце.
5. Добро изматете ги јајцата - за мек омлет убаво изматете ги јајцата, најдобро е со користење вилушка, а не со миксер. Ако сакате да добиете суфле - омлет, прво изматете ги белките од јајцата, а потоа додадете ги жолчките.
6. Не дозволувајте омлетот да изгори - ова јадење е деликатно и не треба да е со кафеава боја, особено не поради тоа што нема да биде толку меко. Ставете го омлетот на висока топлина на почетокот, а кога ќе почне да се загрева намалете на тивок оган.
7. Подгответе ги состојките за омлет претходно - омлетот многу брзо се готви, па затоа најдобро е да се започне со подготовка и сечење на состојките, па дури потоа да се стави на оган.
8. Подгответе го омлетот во тавче покриено со капак.
На овој начин ќе добиете вкусен и мек омлет.
9. Ако решите да направите омлет со магдонос, млад кромид, босилек и слично, додадете ги откако ќе го извадите омлетот од оган, при сервирањето.
Мммм… ние веќе би сакале еден!