Секој ден сакате да имате нешто вкусно и корисно на вашата трпеза, но и нешто поразлично. Излегува дека ова е предизвикувачка задача.
MAGGI® може да ви помогне со совети за готвење. Рецепти, календар на сезонски зеленчуци - кај нас ќе најдете многу идеи со кои ќе организирате вкусно мени, соодветно и за децата.
Претходниот избор на тема ќе ви помогне да имате разновидно мени без многу напор. Еве еден пример за поделба на деновите во неделата.
Понеделник: Јадења од медитеранската кујна - грчки, француски, шпански понеделник.
Вторник: Ден на двојни порции - гответе двојно повеќе за да имате резерва за денот кога едноставно не можете да готвите.
Среда: Ден на ориентална кујна - јадења во вок, јапонски специјалитети или нудли за деновите кога немате многу време.
Четврток: Замрзнат четврток - стоплете ги замрзнатите порции од вторникот или испробајте нова идеја со замрзнат зеленчук.
Петок: Ден на риба - Доколку пак не сте љубител на риба, можете едноставно да го направите вегетаријански ден.
Сабота: Семеен ден - Што и да одберете за тој ден, доделете улоги во кујната и вклучете го целото семејство (оние кои не сакаат да готват можат да бидат келнери)
Недела: Ден на децата - оставете ги децата да одберат јадење или да готват самите (секако со ваша помош)