Процесот на замрзнување овозможува да складирате овошје и зеленчук и да ги користите кога ви требаат, во вистинската мерка. Така може да уживате во вкусното овошје и зеленчук дури и вон сезона.
Предности на замрзнувањето
Бројно овошје и зеленчук останува свежо кога е замрзнато. На пример: аспарагус, брокула, грашок, сите видови на бобинки, пиперка и храна со темно зелени листови.
Можете да користите зеленчук и овошје од својата градина
Процесот на подготвување не бара голем напор. Не морате ни да размислувате за киселоста на зеленчукот ( како во процесот на конзервирање ) или за додатните состојки
Може да направите сопствен микс на зеленчуци спремен за супа или гулаш
Како да го замрзнете зеленчукот
Овошјето и зеленчукот може да стојат во замрзнувач 8 до 12 месеци доколку се правилно подготвени и складирани.
Еве како да го направите тоа:
1. Поголемиот дел од зеленчуците треба да се измијат пред да се стават во замрзнувач
кога подготвувате зеленчук за парење, морате тоа да го направите вака: измијте го добро од сите нечистотии и исечете го на еднакви делови за да се готви рамномерно
ставете го во зовриена вода 1-3 мин ( во зависнот од зеленчукот )
брзо префрлете го во чинија со ладна вода ( околу 15 степени ) за да го сопрете процесот на готвење, да ја сопрете активноста на ензимите и да ја сочувате бојата
2. Додадете го овошјето или зеленчукот во сад во кој сте ставиле хартија за печење. Оставите простор помеѓу и ставете ги во замрзнувач додека да се стегнат. Со овој метод, овошјето и зеленчукот нема да се мешаат а ќе зачувате простор во замрзнувачот.
3. Потоа ставете ги во пластични кеси на кои ќе го обележите името на зеленчукот и овошјето, како и датумот на замрзнување.
Основни правила кога сакате да замрзнете овошје или зеленчук
4. Овошјето и зеленчукот мора да бидат свежи. Мекото, различните бои и деловите со дамки треба да ги отстраните
Откако ќе ги ставите овошјето и зеленчукот во кеси, треба да истиснете што повеќе воздух од кесата
5. Доколку замрзнувате течност, морате да оставите доволно простор за течноста да се прошири
6. Доколку сакате да замрзнете поголема количина на овошје и зеленчук, се препорачува да користете одделен замрзнувач, а не оној во фрижидерот
7. Не замрзнувајте овошје и зеленчук кое не е свежо
8. Подгответе ја храната за замрзнување како да ја подготвувате за чување ( излупете ја ако е потребно, поделете ја во порции ). Не се препорачува да ставате никаква течност кога пакувате овошје и зеленчук. Вакуум кесите, дури иако се малку поскапи од обичните се доста поефикасни и замрнатата храна трае подолго
9. Можете да замрзнете цели пиперки како би уживале подолго во полнетите пиперки
10. Овошните сокови или сосовите може да бидат замрзнати во тегла или во други стаклени садови
11. Печените пиперки може да бидат замрзнати во текот на зимата
Ја направивме нашата здрава залиха за зима. Што чекате?