За поголемиот дел од нас, вкусот е првиот фактор кој одлучува во изборот на храна. Здравата исхрана погрешно се врзува со недостатокот на вкус, рестриктивни и лоши диети. Вкусот не би смеел да недостига од здравата исхрана.
Улогата на вкусот во здравта исхрана
Храната не е само за преживување, таа е и едно од најголемите животни задоволства. Без разлика на тоа колку ви е исхраната избалансирана, не е одржливо доколку и недостасува вкус или доколку во потполност се откажеме од храната која ја сакаме. Додека ја добиваме потребната дневна доза на енергија од хранливите состојки ( цело зрно или снегулки, овошје, зеленчук, семиња, млеко, јајца, риба, месо ) малите порции од храната која најмногу ја сакаме ( слатки, грицки и производи со високо ниво на масти ) се прифатени.
“За вкусовите не се дискутира” но може да се научат. Навиките за исхрана кај деца и близнаци се доста истражувани, со заклучок дека друштвеното опкружување влијае на изборот на храна многу повеќе отколку гените. Децата ги создаваат своите навики преку семејството. Доколку некој не сака брокули во семејството, тоа не е генетски, тоа е исклучиво избор формиран од различни фактори и предрасуди за вкусот на зеленчуците.
Едукација за вкусови
Со малку напор и со напредување навиките за исхрана може да се променат. Дури и да сакате помфрит, шницли, гулаш и салата како декорација, не значи дека не можете да започнете да сакате салата. Усвојувањето на здрав начин на исхрана се прави постепено, не ден за ден или од “понеделник”. Постепеното воведување храна која е хранлива и намалување на количините или фреквенцијата на оброци ќе доведат до здрави, нови навики.
Со текот на времето салатите ќе станат главно јадење во оброците, а дури и ќе сакате салата по неколку дена без неа. Може да се случи после патување на кое сте ги пробале највкусните традиционални јадења да прифатите полесно мени со многу салата и овошје. А ова не е бидејќи сакате да изгубите 2 кг кои сте ги качиле за време на празниците, туку поради тоа што телото ќе бара лесна храна, нешто на кое што сте се навикнале.
Вкус и благосостојба
Благосостојбата по оброкот се постигнува низ три важни фактори: друштво, вкус и хранливи вредности. Доброто друштво на трпезата дури може и да ја промени перцепцијата за вкусот на храната. Рамнотежата помеѓу вкусот и хранливите вредности е клучна, а сега нас ни е полесно да постигнеме рамнотежа со помош на многу рецепти кои предлагаат здрави варијатнти на обичните јадења.
Што е потребно? Млаку време за да сфатиме што навистина сакаме, од што можеме да се откажеме и што можеме да претвориме во поздрава опција на нашето мени.