Идеите доаѓаат од нас, топлината доаѓа од соседството
Само во изминатите десет години, фабриките на нашата компанија „Нестле“ ја намалија потрошувачката на вода за вкупно 52% и потрошувачка на енергија за 22% - со третина помалку емисии на СО2.
Cпроведовме еден од нашите најуспешни проекти за заштита на животната средина во фабриката MAGGI во Синген. Леарница во соседството на тамошната фабрика произведува многу отпадна топлина, која ние ја користиме наместо природен гас за производство на нашите производи. На овој начин, заштедуваме до 11.000 тони СО2 годишно што одговара на годишните емисии на сите автомобили во еден мал град. За оваа иновативна мерка ја добивме Државната награда за животна средина во Баден-Виртемберг.
MAGGI применува и практични мерки за заштита на животната средина, на пример кај пакувањето на производите. Ние постојано ја намалуваме употребата на материјали и ја подобруваме рециклибилноста. Веќе постигнуваме многу за заштита на животната средина, а имаме и уште други планови.
Нестле продолжува да создава еколошка иднина
Нашата планета се соочува со голем проблем со загадувањето, борбата е потешка од кога било и според тоа, Нестле одлучи да ги забрза своите напори и официјално се обврза дека до 2025 година сите свои производи ќе бидат целосно подгодни за рециклирање.Свеста за животната средина станува примарен фокус на компанијата и со својата визија и мисија сака да биде меѓу пионерите во создавање „позелена“ иднина за нашите најмлади, и да ги води идните лидери на вистинскиот пат.
Како најголема светска прехрамбена компанија, Нестле и ветува на Земјата дека ќе биде одговорна кон неа, и дека исто така во рамките на програмата Youth Alliance насочена кон создавање на идните лидери, понатамошниот фокус ќе биде насочен кон инвестирање во еколошка едукација и на тој начин ќе овозможи нашата планета да не се соочи повторно со ваков проблем.
Целта на компанијата сè уште не е постигната, таа е моментално на 64% и затоа ќе продолжи да вложува дополнителни напори за развој на нови решенија, затоа што иднината без отпад е иднината во која Нестле сака да биде!
Намалување на отпадот од храна
Станете херој во создавање „нула“ отпад од храна
Ширум светот, дури една третина од вкупната количина на храна произведена за човечка потрошувачка или се губи или се фрла секоја година.
За храната што ја купуваме потребна е вода, електрична енергија и амбалажа, па дали навистина целата таа храна мора да заврши во канта за отапдоци?
Во развиените земји, 40% од отпадот од храна се создава на ниво на малопродажба и потрошувачи. Нема доволно планирање пред да се купува и готви, ниту се разбира што всушност значат датумите „најдобро да се употреби пред“ и „да се користи до“ на декларациите, а резултатот е дека се фрлаат намирници кои се совршени за јадење.
Всушност, половина од намирниците кои ги фрламе во кантата за отпадоци може да се јадат. Многу витамини и минерали кои сега се под препорачаните количини - како калциум, железо и витамин Б12 - се губат во значителни количини во храната што ја фрламе.
88% намалување на отпадот од нашите фабрики од 2007 година.
Спречувањето на отпадот од храна е добро за економијата, нашето здравје и планетата. А не се само потрошувачите и трговците на мало кои можат нешто да направат.
Компаниите кои произведуваат храна, како што е Нестле, исто така имаат своја улога така што ја предвидуваат потрошувачката на производите, за на тој начин да спречат хиперпродукција или така што прават поефикасна амбалажа, за храната помалку да се расипува или оштетува.
Од 2007 година, компанијата го намали отпадот од своите фабрики за 88%. Покрај тоа, настојува да ја преполови целокупната загуба на храна до 2030 година, со што ќе ја поддржи Целта 12 на Обединетите нации за одржлив развој и одговорна потрошувачка и производство, притоа укажувајќи на овој проблем преку организации како што е Champions 12.3.
За да им помогне на потрошувачите да го намалат отпадот од храна, Нестле работи на тоа да ги направи поедноставни декларациите за производите.
Сите можеме да ја намалиме количината на отпад од храна, честопати со минимален напор. Зошто да не започнеме со тоа да бидеме креативни во кујната?
Обидете се да направите супа од преостанатиот зеленчук или смути со веќе исушеното овошје. Лесно е да се претворат остатоцитете од храна во вкусни и хранливи оброци.