1. Коктел сос
Најчесто се користи за морска храна, особено ракчиња. Коктел сосот е исклучително лесен за подготовка. Само измешајте кечап, сок од лимон, рен, Ворчестер сос и бибер.
2. Пржени печурки
Потребни се: печурки; путер; сол бибер; маслиново масло; Ворчестер сос; лук и магдонос.
Загрејте го тавчето и додадете ги путерот и маслиновото масло. Кога путерот ќе се стопи, додадете ги печурките, Ворчестер сосот и лукот. Кога печурките се меки и кафеави, исклучете ја ринглата и посипете со сол, бибер и магдонос.
3. Дресинг за Цезар салата
Потребни состојки: лук; Ворчестер сос, сенф; маслиново масло; сол; бибер и пармезан.
Сè што треба да направите е да ги додадете сите состојки во блендер и измешајте додека не се соединат.
Ова се три едноставни и ароматични начини на кои можете да користите Ворчестер сос.
Кој ви се допаѓа најмногу?