Животинските протеини се се повеќе под критика на оние кои ги следат веганскиот и вегетаријанскиот начин на исхрана. Во биолошка смисла, дури и ако е малку посилен растителниот протеин, науката се потпира на животинскиот.
Протеини - “цигли” на телото
Протеините се основни супстанци и можеме да ги наречеме “цигли за телото”, бидејќи на телото му е потребен протеин за раст, обновување на структурата, формирање на нови, одбрана и пренос на информации во нервниот систем.
Помеѓу макронутриционистите, протеините се единствени кои имаат друг енергетски пол. Протеинот дава 4 kcal/g, како и јаглехидратите, но не се користи како извор на енергија во нормални ситуации. Телото користи протеин за енергија дури тогаш кога веќе нема јаглехидрати или масти за да ги задоволи енергетските потреби.
Протеините во храната се сотојат од 20 аминокиселини. Аминокиселините се основен материјал на протеините. Може да формираат стотина комбинации како би изградиле различни протеини. Во зависност од можноста за синтеза во телото, имаме 3 типа на аминокиселини:
есецнцијални аминокиселени ( телото не може самото да ги синтетизира, мораат да се внесуваат со исхрана )
не есецнцијални аминокиселини ( може да се синтетизираат во телото )
условно есенцијални аминокиселини ( не можат да се синтетизираат под одредени физиолошки или патолошки состојби )
Еволуција на квалитетот на протеините
Постојат многу методи признати и поддржани од Светската здравствена организација
(WHO) и Американската асоцијација за храна и земјоделство (FAO) за да се утврди квалитетот на протеините во храната. Разгледувајќи ги резултатите на тестовите на протеини, се гледа дека животинските протеини имаат малку појак нутритивен квалитет, боја и свраливост и соодветни количини на есенцијални аминокиселини.
Содржината на аминокиселини е една од најважните критериуми на чија основа се одредува квалитетитот на протеините. Протеините кои ги содржат сите есенцијални аминокиселини во пропорција која е потребна за телото се класифицираат како билошки квалитетни протеини или комплетни протеини. Генерално, протеините од животинско потекло се комплетни протеини со висока биолошка вредност ( јајца, млеко, протеини од месо ).
Поголемиот дел од растителните протеини ( од мешунки, семиња и житарици ) се некомплетни или делумно комплетни протеини бидејќи не ги содржат сите есенцијални аминокиселини или нив ги има во ограничени количини, па мора да се комбинираат со комплементарни протеини како би можело телото да ги почувствува бенефитите. До денес, според постоечките и веродостојни анализи и студии, изгледа дека единствен комплетен протеин од растително потекло се наоѓа во сојата.
Има уште контроверзии кога е во прашање квалитетот на животинските протеини во однос на растителните. Денес, со порастот на вегетаријанството, веганизмот и флексалитаризмот, животинските протеини се ставени на столб на срамот.
Во овој контекст, многу е важно да се погледне во постоечките научни методи за испитување на квалитетот на протеините, како би го направиле вистинскиот избор.
Препорачаните количества за внес на протеини треба да бидат што повеќе персонализирани. Поголемата количина на протеини може да има долгорочни лоши последици. Модерната сештојадна исхрана, посебно во развиените земји, често има поголема количина на протеини од дневните потреби на организмот. Од друга страна, за одредени категории на популацијата, како спортистите, децата или старите поголемата потрошувачка на квалитетни протеини е важна во развојот или одржувањето на мускулната маса, како и во другите органи и ткива.
Контроверзии за видовите на протеини
Иако животинските протеини имаат поголем квалитет од растителните, доколку ја анализираме содржината на аминокиселини, последните години се потпираат кон растителните протеини а посебно кон новата растителна храна ( киноа, семе од коноп, семиња итн).
Животинските протеини имаат слаба страна бидејќи често одат со други состојки кои може да претставуваат ризик по здравјето доколку се консумираат во поголеми количини. Заситените масти се првите хранливи состојки кои се поврзуваат протеинот од животинско потекло. Месото, млечните производи, дури и јајцата содржат големи количини на заситени масти, доколку не се одбираат внимателно. Затоа се препорачува да се зема чито месо, риба и млечни производи со намалено ниво на масти како би се обезбедил внес на есенцијалните аминокиселини.
Доколку зборуваме за изворите на растителни протеини, тие овозможуваат корисни хранливи состојки како што се влакна, незаситените масти, одредени изофлавини (соја). Затоа нивната хранлива вредност се цени многу повеќе отколку кај животинските протеини, иако не ја даваат идеалната количина на есенцијални аминокиселини.
Оптимален внес на протеини
Препорачаниот внес на протеини за возрасни лица е 10-15%( максимално 20%) од вкупниот број на калории, од кои пола треба да биде животински, а пола растителен протеин.
За возрасните кои се занимаваат со спорт, просечната потреба за протеин е 0.75г/ кг телесна тежина на ден. Потребата за протеините е поголема за време на детството, бременоста и лактацијата, како и во случајот со професионалните спортисти.
Имањето баланс е клучно кога се во прашање изворите на протеини. За поголемиот дел од луѓето, половина од нивниот дневен внес треба да доаѓа од животински протеин, а половина од растителен протеин.