Супи од зеленчуци
1. Посна супа со зеленчук и домашни тестенини
Ние ви нудиме едноставен посен рецепт за супа со корени (пашканат, целер, морков) и зеленчук (пиперка, компири). Најдобриот дел од овој рецепт се домашните тестенини кои ве советуваме да ги подготвите однапред. Доколку немате време, можете да користите готови тестенини, и можете да изберете посни, без јајца. Погледнете го рецептот за супа од зеленчук тука.
2. Супа со зелка и зеленчуци
Идеален избор за вкусен ручек е супата со зелка, зеленчуци (компири, пиперки, кромид) и лук. На крајот можете да додадете јајце и павлака за дополнителен вкус. Погледнете го рецептот со супата тука.
3. Супа од грав и билки
Како ништо да не потсетува повеќе на детството од супата од грав со сок од лимон. За помалку од 60 минути можете да добиете одлична супа која може да ја сервирате со рендан пармезан. Погледнете го рецептот за супата од грав со билки тука.
4. Лесна супа од зеленчук
Доколку барате брз рецепт за супа тогаш овој рецепт е за вас. Измијте, исечете го и сварете го зеленчукот (кромид, морков, компир, домат, целер, праз), а кога сè е подготвено можете да скиселите со сок од лимон. Погледнете го овој едноставен рецепт тука.
Крем супи
1.Крем супа од зеленчук
Посен рецепт одличен за студените денови: крем супа од зеленчук.
Еве го овој брз рецепт за кој се што треба да направите е да го измиете, исчистите и сварите зеленчукот. Кога сè е подготвено, за дополнителен вкус, додадете сечкан магдонос и можете да послужите со крутони.
2. Крем супа од печурки
Можеби ниту една друга крем супа нема толку интензивен вкус како супата од печурки. За да ја добиете оваа едноставна супа, додадете кромид, лук, целер и компири. За дополнителен вкус, додадете маслиново масло и магдонос. Инспирирајте се од тука.
3. Крем супа со кашкавал
Крем супата со кашкавал е уникатен и софистициран избор за ручек. За да ја направите потребни ви се чедар сирење, кромид, пиперки. Дознајте како да го подготвите овој рецепт тука.
Кнедли
1. Супа со кнедли и зеленчук
Мора да признаеме дека супата со кнедли е нашата омилена. Оваа супа е погодна за секој ден, но особено за оние студени денови кога седите дома и гледате како паѓаат снегулките од прозорецот. Ова е едноставен рецепт во кој додавате зеленчук, а “најпредизвикувачки” е оној дел кога треба да ги направите кнедлите од гриз. Откријте како да го подготвите овој рецепт тука.
2. Супа со кнедли и пилешко
Зеленчук, пилешки гради, кнедли и билки. Ова се клучните состојки со кои ќе добиете вкусен ручек.
Одлучивте да го побарате овој рецепт? Можете да го најдете тука.
Пилешки супи
1. Пилешка супа со павлака
Изненадете ги вашите најблиски со пилешка супа со зеленчук, павлака и билки. Ова е рецепт што се прави долго, на тивок оган, за да ги добие сите вкусови од зеленчуците и пилешкото месо. Откријте го овој рецепт тука.
2. Пилешка супа со ориз
Рецепт што ќе им се допадне и на возрасните и на децата. Потребни ви се зеленчуци (моркови, пашканат, целер, кромид), ориз и пилешко. Послужете ја супата топла со лута пиперка во оцет. Погледнете го целосниот рецепт тука.
Чорба
1. Чорба од телешко месо
Чорбата од телешко месо им е омилена на сите бидејќи е вкусна, лесна и е одлична за зима. Потребни ви се зеленчук (пиперки, кромид, моркови, целер, магдонос, грашок, грав, компири), бујон од говедско месо, паста од домати и сок од лимон.
Откријте го најдобриот рецепт за телешка чорба тука.
2. Пилешка чорба во грчки стил
Ви го нудиме овој рецепт за пилешко, богатство од зеленчук (кромид, моркови, пиперки, целер), ориз и павлака. Во овој рецепт за грчка пилешка чорба задолжително е да уживате со вашите најблиски. Откријте како да го подготвите тука.
3. Чорба со ќофтиња
Сигурно барем еднаш сите сме јаделе чорба со ќофтиња, но ако тоа не е ваш случај, тогаш сега е вистинското време да ја пробате. Потребни ви се мелено месо, зеленчук, гриз, ориз, зеленчук и малку вештина.
Откријте ги сите состојки тука.
Ова беа нашите предлози за супи кои се добри за уживање во студената сезона. Ако сакате повеќе предлози за рецепти за супи побарајте тука, а ако супата е вашето омилено јадење, видете уште предлози за рецепти тука.